Мициќ ќе се откаже од милионите во Шарлот за да се врати во Европа?

Очигледно е дека Василије Мициќ не е задоволен од својата улога во Шарлот. Тој на последните три натпревари ја грее клупата, а нема проблеми со повреди. Фрустрациите поради неиграњето полека испливаат на површина, па според информациите на италијанските новинари, српскиот плејмејкер планира шокантно враќање во Евролигата.

Како што стојат работите, неговата следна дестинација би требало да биде Шпанија. За услугите на двократниот МВП на „фајнал-фор“ турнирот се заинтересирани Барселона и Реал Мадрид, но неговата плата е голем проблем. Досега одигра 31 натпревар во дресот на Шарлот, на кои забележал просечни 13,8 поени.

Во НБА лигата моментално добива дебела цифра во однос на европските стандарди. Тој има уште две години договор со Хорнетси, годинава вкупно ќе добие седум милиони и 700.000 долари, додека во следната со речиси половина милион повеќе зелени банкноти. Затоа Мициќ ќе мора да се откаже од голема сума на пари ако планира да ќе се врати во Евролигата, бидејќи екипите од стариот континент ги немаат буџетите од најсилната лига во светот.