• Иван Димовски
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс тешко стигнаа до победата на гостувањето кај Вашингтон Визардс (123-130) во НБА лигата. Херој на победата беше првата ѕвезда на тимот, Донован Мичел. Плејмејкерот на Кавалирси уфрли огромни 48 поени и буквално сам го водеше тимот низ тешките моменти. Во таборот на Вашингтон се истакнаа Керингтон и Меколум со по 27 поени.
- Вашингтон Визардс - Кливленд Кавалирс:
На големата сцена конечно се врати и стариот Џоел Ембид. Центарот ја предводеше Филаделфија до домашна победа над Индијана од 115-105. Ембид имаше 39 поени за неполни 32 минути на паркетот, а фати и девет скока. Нему од помош му беа Џорџ и Еџекомб со 23, односно 22 поени, а кај Индијана најдобар беше Сиакам со 20.
- Филаделфија 76ерс - Индијана Пејсерс:
На останатите терени победи забележаа Чикаго, Детроит, Јута, Далас и Минесота.








