Мичел и Татум добија максимални договори од Јута и Бостон

Бостон Јута

Првата ѕвезда на Јута Џез, Донован Мичел, ќе остане уште долго време во Солт Лејк Сити. Плејмејкерот се обрврза на нов петгодишен договор по кој ќе заработи речиси 200 млилиони долари.

Екипата не сакаше да ризикува ништо, па му понуди максимален договор на одличниот шутер, кој ја заврши минатата сезона со просек од 24,0 поени, 4,4 скока и 4,3 асистенции.

Идентичен договор потпиша и Џејсон Татум со екипата на Бостон Селтикс. Тој покажа во повеќе наврати дека е зрел да биде лидер на тимот и човекот околу кој ќе се гради иднината.

22-годишникот зад себе остави одлична сезона во која постигнуваше 23,4 поени, седум скока и три асистенции по натпревар, како и една украдена топка.

Џеф Тиг и Тристан Томпсон се новите засилувања на Селтикси, кои се ослободија од Гордон Хејворд и Енес Кантер.