• Саше Љолес

Францускиот клуб Монако се наоѓа во исклучително тешка ситуација. Поради финансиската нестабилност и недостигот на доволно гаранции, на клубот му се заканува пад во третиот ранг на натпреварување, а неизвесно е и неговото учество во Еврокупот.
Доколку Монако остане без место во Еврокупот, тоа би можело да биде одлична вест за Босна од Сараево. Според информациите, токму сараевскиот клуб е главен кандидат да го заземе местото на Монако и да добие шанса за настап на големата европска сцена.
Босна минатата сезона се натпреваруваше во АБА лигата, а истовремено настапуваше и во ФИБА Европа Купот. Сега клубот би можел да направи чекор напред и да се пресели во Еврокупот.
Одлуката се очекува во наредните денови, но според актуелните информации, сценариото во кое Босна ќе го замени Монако во второто по ранг европско клупско натпреварување изгледа сè пореално.
