Мерит Хемпе: Лесно се најдов себеси во Македонија, среќна сум што сум тука

Мерит Хемпе треба да биде најголемото засилување на подмладената селекција на Македонија во овој ноемвриски ФИБА „прозорец“ од евро-квалификациите. Снажната Американка, сега и со македонски пасош, е од првиот тренинг со своите нови репрезентативни колешки.

И во овие неколку дена создаде своја „слика“ за оваа, за неа сосема нова ситуација. Освен играњето на евролигашко, да се обиде да го пренесе својот играчки квалитет и на она репрезентативно ниво. Во дресот на нашата женска сениорска репрезентација, пред која се следните предизвици, дуелите со селекциите на Белгија и на Германија.

„Моите први впечатоци се добри, ми се допаѓа тимот и како ме пречекаа и ме примија сите. Уживам во времето, а очекувањата се да се вклопам во тимот и да помогнам што е можно повеќе, без разлика на мојата позиција. Сакам да се игра силно и физички, да помогнам за подобри резултати. Лесно се најдов себеси овде и среќна сум што сум тука.

Можам да кажам дека навистина ми се допаѓа Македонија, и сакам да изразам благодарност за можноста да бидам овде. Ќе дебитирам против Белгија, ќе се обидам да возвратам со добра партија во текот на сите 40 минути, и се надевам дека ќе бидеме компетитивни. Пријателка сум со Антониа Делар, играв со неа во претходната година. Исто така и со Серене-Лин Гелдоф. Ќе биде убаво што пак ќе ги видам, но и да се натпреварувам“, порачува новиот член на нашиот женски национален тим.

Официјалното деби Хемпе ќе го има утре навечер, во Ловен, каде од 20:30 часот, нашата нашата најдобра женска селекција и гостува на силната Белгија.