Мемфис се засили под обрачот, го договори Жоаким Ноа

Екипата на Мемфис Гризлис донесе засилување во своите редови и потпиша договор со францускиот центар Жоаким Ноа.

Ноа, кој има 33 години, беше дел од ростерот на Њујорк Никс, но двете страни решија да ја прекинат соработката. Ситуацијата ја искористи Мемфис, чија управа реши дека е потребно засилување под обрачите.

Искусниот кошаркар има 625 меча во НБА-лигата во својата кариера, но во последните три сезони има проблем со повредите. Сумата на трансферот на Ноа во Мемфис изнесува најмалку 1,73 милиони долари.