ВИДЕО: Мемфис го завери плеј-офот, Феникс чека кикс на Портланд

Кошаркарите на Мемфис Гризлис го совладаа Милвоки Бакс со 119-106 и со тоа обезбедија место во плеј-офот на НБА лигата. Мемфис со баланс 34-39 ќе заврши на осмото место, доколку Портланд Трејлајзерите ноќва загуби од Бруклин Нетс. Во случај на триумф на Блејзерси, Мемфис ќе се најде на деветтата позиција.

Кошаркарите на Мемфис до триумфот дојдоа на убедлив начин, иако против себе го имаа најдобриот тим досега во сезснава (56-17). Бакси настапија без првата sвезда Јанис Антетокумбо заради суспензија, додека другите стартери добија мала минутажа.

  • Мемфис - Милвоки 119-106:

Екипата од Тенеси стекна клучна предност во текот на третиот квартал, кога отиде на огромни +23 (92:69) и веќе го реши натпреварот. Најефикасен кај победничката екипа беше Дилон Брукс со 31 поен, додека Joнас Валансијанас запиша „трипл-дабл“ ефект со 26 поени, 19 скокови и 12 асистенции. Во редовите на Милвоки, Брук Лопез впиша 19 поени и 9 скока.

Феникс Санс ја запиша својата осма победа во продолжението на сезоната, откако го совлада Далас Маверикс со 128-102, но дури и овој триумф не им гарантира место во плеј-офот. За да стигне во разигрувањето потребно е Портланд да не го победи Бруклин. Во спротивно, „сонцата“ ја завршуваат сезоната. Дуелот со Далас брзо се насочи на страната на Фенис, кој уште првиот дел побегна на +13 и потоа само ја зголемуваше предноста. За победникот Девин Букер постигна 27 поени и запиша седум скокови, додека Дарио Шариќ постигна 16 поени. Кај Далас Меверик, најдобар беше Бобан Марјановиќ со 18 поени и 20 скокови за 30 минути, а Лука Дончиќ забележа 13 поени и 5 скока за 13 минути.

  • Феникс - Далас 128-102:

Далас влегува во плеј-офот како седми на Западот и го чека дуел со Лос Анџелес Клиперс.