ВИДЕО: Мемфис ги „нанижаа“ и Вориорси, Клиперси подобри од Денвер

Кошаркарите на Мемфис Гризлис ја запишаа десеттата последователна победа, откако се радуваа против Голден Стејт Вориорс со 116-108. Бадијала Стеф Кари запиша „трипл-дабл“ ефект, бидејќи неговите соиграчи не го следеа чекорот и запишаа пораз во „ФедЕксФорум“. 

  • Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс:

По доминација на Мемфис во првото полувреме и убедлива предност, „воините“ со добра серија се вратија во игра и поведоа. Сепак, Гризлис со добра игра во завршниот период повторно воспоставија контрола и заслужено победија. Џа Морант го предводеше победничкиот табор со 29 поени, а надоврза и осум асистенции. Кари беше најдобар во таборот на Вориорси со троен ефект од 27 поени и по десет скока и асистенции. 

Минимално славје запиша тимот на Лос Анџелес Клиперси против Денвер Нагетс со 87-85. Пресметката во Калифорнија беше резултатски изедначена, па на крајот одлучуваше еден напад, а се радуваа домашните кошаркари. Арон Гордон од Денвер ги предводеше поентерите со 30, на кои надоврза и 12 скока. „Дабл-дабл“ ефект имаше и Никола Јокиќ (21 поени, 13 скока), а кај Клиперси најдобар беше Амир Кофи со 18 поени. 

  • Лос Анџелес Клиперс - Денвер Нагетс:

На останатите терени лидерот Феникс се радуваше во Торонто (95-99), Вашингтон беше подобар од Оклахома (122-118), Чикаго триумфираше со Детроит (133-87) и Њу Орлеанс ја победи Минесота (128-125).