Мелоун: Вестбрук одлично комбинира со Јокиќ, заслужува поголема минутажа

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, за американските медиуми изјави дека му се допаѓа тоа што го гледа кога на паркетот заедно настапуваат две големи ѕвезди на тимот, Расел Вестбрук и Никола Јокиќ. 

Стратегот на Нагетс смета дека овие играчи мораат да бидат „моторот“ на тимот и најави поголема минутажа за тандемот до крајот на сезоната. 

„Забележувам дека се случуваат убави работи кога на паркетот се Расел и Никола заедно. Мислам дека тие треба да бидат моторот на тимот и движечка сила за нашите успеси.

И пред да се повреди Џамал Мареј му давав шанса на Вестбрук затоа што со Јокиќ одлично работат и во нападот и во одбраната. Дефинитивно, овој тандем почесто ќе гледате почесто на теренот“, рече Мелоун. 

Денвер Нагетс во моментов имаат учинок од 12 победи и 10 порази. На последниот натпревар против Атланта, Никола Јокиќ имаше дури 48 поени, додека Вестбрук постигна само девет, но ги надополни со единаесет асистенции. 

Најнови вести од
НБА, САД