• Саше Љолес
Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, повторно не штедеше пофални зборови за првата ѕвезда на тимот, Никола Јокиќ, и рече дека Србинот е најдобар на теренот, дури и кога нема своја вечер.
Нагетс загубија од Лос Анџелес Клиперс со 111-102, Јокиќ не беше во препознатливиот ритам, но сепак, успеа да забележи нов „трип-дабл“, а за тоа доби пофалби од својот тренер.
„Едноставно, не бевме доволно добри вечерва. Мислам дека сите моравме да бидеме многу поактивни во сите сегменти, но нема да жалиме и ќе гледаме само напред. Што да кажам за Никола, и кога не му оди, тој пак е најдобар поединец.
Се обиде 32 пати и шутираше од сите можни позиции. Сите знаеме за каков шутер се работи, но никогаш порано не сум видел да погоди само девет шутеви од игра. Нешто не одеше како што треба, но ние го имаме најдобриот играч во лигата и тоа ќе остане така“, изјави Мелоун.
По вчерашниот пораз Денвер сега има скор од 14-8 и го „држи“ третото место во западната конференција. Актуелниот шампион ќе има шанса да го поправи впечатокот веќе во следните неколку дена и ќе се сретне со екипите на Хјустон, Атланта и Чикаго. Никола Јокиќ на мечот со Клиперс забележа учинок од 22 поена, 15 скокови и десет асистенции.