Мекиќ: Оваа подмладена Македонија е желна за победи!

Стартот на претквалификацискиот циклус за Македонија на патот кон Светското првенство е закажан за в сабота, а ривал ќе биде селекцијата на Романија. Еден од најискусните репрезентативци во овој подмладен тим ќе биде Адем Мекиќ, кој се обрати на јавноста на средбата со седмата сила.

„Немаме лесен противник, меѓутоа ова е нова, млада репрезентација желна за победа. За жал имаме малку помалку искуство, ама тоа може да се надополни со она кое го набројав. Би замолил јавноста да биде трпелива со оваа млада репрезентација. Сигурен сум дека секој еден ќе даде максимум, така што искрено сум пресреќен што сум дел од оваа селекција. Се надевам и би бил пресреќен ако оствариме успех, а што тоа значи - ќе видиме. Сакаме да дадеме максимум и така да имаме конекција со македонската јавност“, изјави Мекиќ.

Македонија ќе игра во претквалификациската група со Романија и Унгарија, а двете најдобри селекции одат во главната квалификациска фаза.