Мекиќ има проблеми со дланката во пресрет на третиот меч против Пелистер

Финалната серија во македонскиот кошаркарски шампионат по два натпревари носи израмнет резултат меѓу МЗТ Скопје и Пелистер. Двата тима победија на домашен терен, а бранителот на тронот ќе игра пред своите гледачи на третата средба.

Се игра во жесток ритам, што носи мали проблеми со заморот на двете страни. Од редовите на „штрковите“ со повреда се соочува Адем Мекиќ, а докторите се надеваат дека ќе му овозможат да ја надмине болката во дланката пред следниот натпревар.

Битолчани покажаа дека го сакаат спортот и дојдоа во рекордна бројка на домашното соочување. Се очекува идентично да биде и во Скопје, каде актуелниот шампион ќе се обиде одново да ја преземе контролата врз серијата.

Победник и освојувач на шампионската титула ќе биде екипата која прва ќе стигне до три победи.