Мекфејден: Драго ми е што играв против Нено, не си впишавме победа туку-така

Во име на Грузија по триумфот над Македонија (65-79), говореше и Тадеус Мекфејден, поранешниот кошаркар на Карпош Соколи кој истакна дека тимот не дошол во Скопје со мисла дека се е готово и не си ги впишал бодовите предвреме.

„Одигравме добар натпревар, иако тоа не беше најважното нешто во моментов затоа што гледаме војна која воопшто не е добра. Мора да ги поправиме работите. Не беше лесно да се победи со Македонија, но, сепак, ова е важен успех. Знаевме дека ни следи голема борба. Дојдовме тука со мисла дека ќе имаме автоматски впишана победа. Драго ми е што играв против Димитријевиќ е мој добар пријател, заедно игравме во Хувентуд, тој е одличен играч“, изјави Мекфејден.

Грузија со двете победи над Македонија дојде до бројката од вкупно три успеха. Следниот предвиден меч во квалификациите за СП 2023 е против Украина, на први јули.