Соборен рекорд стар речиси три децении: Олимпискиот кошаркарски турнир најгледан во историјата!
Кошаркарскиот турнир во Франција е најгледан во историјата на Олимписките игри, соопшти денеска Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Според ФИБА, 1.078.319 фанови во живо гледале машка и женска кошарка во Лил и Париз, со што го собориле рекордот од Атланта во 1996 година.