Машкиот кошаркарски турнир на Летните Олимписки Игри во Токио понудија многу емоции, преккрасни потези и очекуван расплет - злато за најголемиот фаворит, Американците. Сепак, изненадување претставува првото место на листата на пет најдобри забивања на турнирот.
Словенечката кошаркарска репрезентација не успеа да освои медал на Олимписките игри во Токио, но навивачите беа одушевени од играта на нивните миленици и во голем број се собраа на аеродромот во Љубљана за да ги поздрават по слетувањето во Словенија.
„Дрим тимот“ на Соединетите Американски Држави освои ново злато на Олимписките игри, откако иако започна лошо и со пораз од Франција, токму против „триколорите“ покажа квалитет во финалето и ја одбрани титулата од пред пет години во Рио.
По освојувањето на златото на кошаркарскиот турнир, селекторот на американските кошаркари, Грег Попович, рече дека никогаш не почувствувал толкава одговорност како со репрезентацијата на Соединетите држави.
Репрезентација на Австралија приреди изненадување во малото финале на Летните олимписки игри и го освои бронзениот медал на кошаркарскиот турнир. Во борбата за третото место „кенгурите“ го наполнија кошот на селекција на Словенија и извојуваа убедлива победа од 14 поени разлика (93-107).
Иако почнаа со пораз американските кошаркари ги добија преостанатите пет дуели и четврти пат по ред се олимписки шампиони. Во динамично финале, тимот на Грег Попович ја совлада Франција со 87-82, и им се реваншира на „петлите“ за поразот во првото коло од групната фаза. Ова е првпат Американците да освојат олимписко злато со пораз на патот до него или вкупно шеснаесеттти најсјаен медал од деветнаесет олимписки турнири на кои најкошаркарската земја учествувала.
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави одново се главен фаворит за златниот медал на Олимписките игри, каде што во финалето ќе се пресметаат со Франција.