Српската кошаркарска репрезентација славеше над Франција со 90-87 во пријателски натпревар одигран во Белград, во меч кој донесе драматична завршница. Домашната селекција на полувреме имаше минимална предност од 46-45, но во третата четвртина успеа да се одвои и во еден момент стигна до +13.