Македонската сениорска репрезентација веќе ја исполни првата цел во претквалификациите за Европското првенство 2029. Со убедливата победа над Ирска, нашиот национален тим го обезбеди првото место во групата „А“ и пласман во втората рунда, но пред избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал останува уште еден предизвик – гостувањето кај Луксембург, со желба квалификацискиот циклус да биде заокружен со уште еден позитивен резултат.