Мега приреди изненадување, ја совлада Црвена Звезда во АБА

Кошаркарите на Мега Лекс приредија изненадување во рамките на 24. коло на АБА лигата. Српскиот тим го совлада лидерот Црвена Звезда со 83-89, задржувајќи ги математичките шанси на ривалите на лидерот да го достигнат пред плеј-офот. 

Фаворитот отвори добро и поведе со 15-13, меѓутоа следеше серија на ривалот од 11-0 со која првпат Мега поведе поосетно. Црвена Звезда успеа да се врати пред полувремето, поведе и на пауза замина со предност од 48-41. 

Во продолжението „црвено-белите“ имаа и двоцифрена предност против аутсајдерот. Сепак, Мега не се откажа и на крајот пак имаше свои минути. Добрата игра на гостинот го вратија од минус девет на стартот на последната четвртина (72-63). Мега успеа да се крене и на крајот да режира пресврт откако имаше одлични минути зад себе. Најефикасен играч на мечот беше Ханга со 22 поени, додека кај Мега се истакна Миљеновиќ со 18.

Црвена Звезда е на добар пат да го осигура првото место, а за тоа им е потребна само една победа на дуелите со Студентски центар или Сплит до крајот на регуларната сезона.