Меџик Џонсон: Не ги третирајте играчите како бебиња, тие се професионалци!

Претседателот на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон изјави дека управата на Њу Орлеанс Пеликанс не била фер и ги саботирала преговорите за трејдот на Ентони Дејвис.

Центарот на Пеликанс една недела пред истекот на рокот за трејдови побара да го промени клубот, а како најсериозни кандидати за неговите услуги беа токму Лејкерси.

„Уште на стартот на преговорите знаевме дека ќе завршат како и што завршија“, изјави Џонсон.

Во продолжение, претседателот на Лејкерси даде свое мислење и за трејдот на младите играчи, кои за тоа дознаваат веќе кога целата работа е завршена.

„Престанете кон нив да се однесувате како да се бебиња. Се работи за професионалци. Лигата функционира и тоа тие го знаат. Сега мора да продолжиме да гледаме напред“, заврши Џонсон.

Лејкерс имаше огромни обиди да го доведе Ентони Дејвис во Калифорнија, а за неговите услуги „езерџиите“ беа подготвени да се откажат од услугите на Бол, Инграм и Кузма.