Меџик Џонсон: Јокиќ ја менува кошарката пред нашите очи...

Денвер Нагетси, предводен од Никола Јокиќ - кој игра врвна кошарка, ќе игра во финалето на НБА лигата. Тимот од Колорадо ја чека разврската во серијата каде што Мајами води со 3-1 против Бостон. 

Пофалби на контото на Јокиќ доаѓаат од сите страни. На оваа „листа“ дури се приклучи и човекот кој не веруваше во Денвер и Србинот, Меџик Џонсон. 

„Џокер ја менува кошарката пред нашите очи. Токму така како што тоа го правеа Мајкл Џордан, Лери Бирд, Леброн Џејмс, Коби Брајант, Стеф Кари, Карим Абдул Џабар и Шекил Онил“, напиша Џонсон. 

Сезонава Јокиќ остана без МВП признанието на сметка на Џоел Ембид. Сепак, тоа не го запира да се докажува на паркетот и пред српскиот центар е првото НБА финале во кариерата.