Медика Карта ќе го пречека Баскет КАМ, Чаир во првото коло против Хераклеа

По завршувањето на ждрепката за новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија, во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија беа утврди натпреварувачките броеви за новата натпреварувачка сезона и во Втората лига.

Учесниците во ова натпреварување ги добија следните натпреварувачки броеви:

1. Хераклеа
2. Вардар
3. Медика Карта
4. Шкупи
5. Борец Баскет
6. Партизан Водно Санс
7. Чаир 2030
8. Тетекс ТТК
9. Баскет КАМ
10. Охрид
11. Струмица
12. Црн Дрим

Согласно со бергеровиот систем за 12 екипи-учесници во натпреварувањето, во првото првенствено коло од Втората лига-мажи ќе се сретнат:

Хераклеа – Чаир 2030
Вардар – Тетекс ТТК
Медика Карта – Баскет КАМ
Шкупи – Охрид
Борец Баскет – Партизан Водно Санс
Струмица – Црн Дрим

Првото коло во Втората кошаркарска лига за сезоната 2021/2022 е предвидено за деветти октомври.