Медфорд ја повреди раката, го чека најмалку еден месец пауза

Македонски вицешампион и претставник во АБА2 лигата, МЗТ Скопје ќе мора во јануари и почетокот на февруари да се снаоѓа без еден од своите најдобри кошаркари. Лестер Медфорд претрпе фрактура на десната рака на натпреварот против Борац во Чачак во рамките од 13. коло од АБА 2 лигата.

Аамериканскиот плејмејкер најмалку еден месец ќе биде надвор од терените, откако во последната четвртина од натпреварот го напушти на теренот и не се врати во финишот, бидејќи болката била пресилна. Медфорд подлегна на магнетна резонанца во Скопје и беше утврдена дијагнозата.

Со мирување и терапија, се претпставува дека на крајот од јануари Медфорд ќе почне да тренира со полн интензитет, а потоа во првите денови од февруари и да се врати на терените во домашниот шампионат и АБА2 лигата.