• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ нема по добро да ја памети завршницата во Купот на Италија, затоа што неговиот тим Олимпија Милано на изненадување загуби од Тренто (63-79), а тој имаше меч за заборав.
Плејмејкерот на теренот мина 12 минути, ама не се покажа во баш најдобро светло. Постигна само еден поен од линијата за слободни фрлања, додека од игра имаше кошмарен шут 0/3 за два и 0/4 за три.
Најдобар стрелец кај Тренто беше Форд со 23 поени, пред Елис со 13 поени, додека кај Олимпија Милано, Миротиќ даде 20 поени, а Ледеј додаде 12 поени.
Димитријевиќ сега заминува за Македонија, каде ќе му се стави на располагање на националниот тим за квалификациите за ЕП 2025.