• Мартин Танасковски
Кошаркарите на Монако славеа над Барселона со резултат од 92-79 во вториот меч од четвртфиналната серија во Евролигата и така дојдоа до предност од 2-0, па се на една победа од место на Ф4-турнирот.
Ова беше уште еден дуел меѓу овие два тима кој Монако го доби во своја корист и сега е само на една победа од пласман во новиот фајналфор на Евролигата. Овој резултат во серијата по два натпревари е навистина неверојатен, бидејќи Барселона ги доби двата натпревари во лигашкиот дел од Евролигата, но сега ситуацијата се промени.
Ова беше вечер на Мамаду Жаите кој го одигра можеби својот најдобар натпревар во Евролигата, со 20 постигнати поени без промашување. Поддршка му беше Алфа Диало кој имаше еден поен повеќе. Најдобриот играч Мајк Џејмс не беше во својата најдобра форма, па застана на само пет поени.
Кај Барселона, Џабари Паркер имаше 16 поени и девет скока, додека Кевин Пантер постигна четири тројки и 14 поени.