ФОТО: Мбапе одморот го започна навивајќи во НБА-финалето

Највреднуваниот фудбалер на денешницата Килиан Мбапе својот одмор го започна од САД. Имено, светскиот првак со француската фудбалска репрезентација ноќва од првиот ред го следеше шестиот натпревар од финалната серија на НБА плеј-офот меѓу Голден Стејт и Торонто Репторс.

Мбапе не се произнесе, но по гестовите палците ги стегаше за „воините“. За француските медиуми откри дека уживал во уникатното искуство да следи натпревар од НБА лигата од првиот ред.

Французинот доби пет слободни недели пред почетокот на новата сезона во Лига 1, каде ПСЖ ќе ја брани титулата освоена во штоттуку завршената сезона, а Мбапе пак е најсериозен кандидат за наградата најдобар стрелец во шампионатот.