Мавра добива шанса, Хрватска со никогаш послаб состав ќе се бори за СП

Ивица Скелин, селекторот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, го објави списокот на играчи на кои ќе смета во квалификациите за пласман на СП 2019.

На списокот се наоѓаат 12 играчи, а ростерот според квалитетот е можеби најслабиот на „коцкестите“ во последните 15 години. На списокот е Доминик Мавра, кошаркар кој настапува за МЗТ Скопје.

На списокот се наоѓаат Дарко Планиниќ, Доминик Мавра, Жељко Шакиќ, Јосип Спобин, Јаков Мустапиќ, Борис Барач, Домагој Бошњак, Лука Божиќ, Иван Рамљак, Тони Катиќ и Филип Крушлин.

Хрватска ќе ги отвори квалификациите против Холандија в петок, а два дена подоцна се соочуваат со Италија.