Матковиќ: Нè очекува тежок и напорен натпревар и полна сала

Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа мирна недела, во која напорно работеа, подготвувајќи ги натпреварите против Цедевита и Работнички. Иако дербито в понеделник е посебен натпревар, тренерот Николиќ сака да размислува само за дуелот против Цедевита.

Хрватско-словенечкиот проект се развива според планот, момците на Големец од вчера се во Македонија и тренираа во СЦ „Јане Сандански“. Сите се оптимисти, иако го респектираат МЗТ Скопје и неговите амбиции.

„Саботниот натпревар во Скопје значи многу за двете екипи. Сите нè очекува тежок и напорен натпревар. Наша цел е да бидеме физички и психички подготвени за тешкото искушение. Очекуваме полна сала со домашни навивачи и ќе направиме сè за да забележиме победа“, рече репрезентативецот на Хрватска, Карло Матковиќ. 

Секој пораз го турка МЗТ Скопје кон АБА2 лигата, а со победа Цедевита ќе биде блиску до полуфиналето на плеј-офот на регионалната лига.