• Горан Упале
Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, изјави дека францускиот центар Матијас Лесор ќе се врати во неговиот строј во вистински момент – на Ф4 турнирот од Евролигата.
По победата во „мајсторката“ со Анадолу Ефес, Ергин Атаман се осврна и на закрепнувањето на одличниот центар и најави дека очекува тој да биде присутен на завршниот турнир во Абу Даби.
„Очекувам Матијас Лесор да игра на Ф4. Тој сè уште не почнал да тренира со тимот, но работи добро и е продуктивен. Очекувам да ни се придружи следната недела“, изјави Атаман.
Лесор ја скрши левата потколеница и беше опериран во декември. Панатинаикос во полуфинале во Абу Даби ќе се сретне со тимот на Фенербахче.