• Мартин Танасковски

Македонската кошаркарска репрезентативка Матеа Николиќ има нов клуб во А1 лигата во Италија, најдобрата конкуренција кај дамите на „чизмата“.
20-годишната Николиќ која игра на крилните позиции замина од тимот на Стела Аѕура и потпиша за тимот на Рагуса. Се работи за колектив од Сицилија кој лани го финишира регуларниот дел од сезоната на шестото место, но загуби од Венеција во плеј-офот.
Матеа Николиќ има и италијански пасош, што е олеснителна околност кога се говори за трансферот.
Во минатата сезона македонската репрезентативка во просек постигна 12 поени и 7 скока по натпревар и беше еден од главните играчи на Стела Аѕура во битката за опстанокот.