• Горан Упале

Вчера можевме да бидеме сведоци на ретко видена ситуација на кошаркарските терени, која и покрај тоа што е многу комична, сепак сигурно не сакаме да се повтори.
Имено, во натпреварот за третото место во грчката лига меѓу АЕК и Арис на само 14 секунди до крајот настана масовна тепачка помеѓу кошаркарите на двете екипи, а по реакцијата на судиите последните мигови од мечот мораше да се доиграат со само пет кошаркари на паркетот.