Маслинко три години ќе го носи дресот на Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, екипата на Работнички по ангажманот на Владо Илиевски договори уште еден кошаркар - Андреј Маслинко, 20-годишниот Македонец кој важи за еден од најголемите таленти во нашата земја.

Младинскиот репрезентативец на Македонија во „Градски парк“ доаѓа од Италија каде настапуваше во екипата на Пафони Омења, како и Стела Аѕура Рома, тим кој се натпреварува во третата лига, но важи за клуб со најпознати младински академии во светот. Со екипата на Работнички талентот потпиша тригодишен договор.

Корпулентниот кошаркар, кој е висок 206 сантиметри веќе одредено време тренираше под палката на Марин Докузовски и сигурно ќе биде големо засилување на крилните позиции.