Маслинко: Победа против Грузија би ни значела навистина многу

Иако нема многу време за одмор, а репрезентацијата на Македонија се соочи и со доста проблеми, сепак време е за двомечот со Грузија во квалификациите за Мундобаскетот. Само неколку дена по освојувањето на Купот со ТФТ Скопје, Андреј Маслинко ќе настапи и за Македонија. 

„Мора да одиме на победа, тоа е најважно. Ќе дадеме сè од себе да поминеме понатаму. Ростерот е таков каков што е, мора да се игра со тие кои сме тука. 

Не сакам да зборувам пред време. Грузијците со сигурност нема да се предадат, и тие ќе играат за триумф како нас. Победи би ни значеле, во Украина ја испуштивме откако долго водевме и навистина ни се потребни позитивни резултати“, изјави Маслинко.

Првата пресметка меѓу Грузија и Македонија ќе се одигра в четврток од 16:00 часот во Тбилиси, а веќе в недела е закажан возвратниот дуел во Скопје.