Маслинко: Ни треба сериозен пристап за да не ни се случи некој кикс

Со водство од првата до последната минута во двата натпревари во Битола, вицешампионот Пелистер стекна одлична залиха пред серијата од четвртфиналето на плеј-офот да се пресели во Кавадарци. Момците на Дарко Радулвовиќ напорно тренираат во спортската сала „Боро Чурлевски“ и коваат стратегија за клучната трета победа.

На средбата со новинарите репрезентативецот Андреј Маслинко ја пренесе атмосферата од соблекувалната и ги изнесе сите разлики од натпревари од регуларниот дел на сезоната и плеј-офот.

„Секоја сезона е посебна, секоја година е приказна за себе и не би можеле да ги споредуваме претходната со ова сезона. Сезонава е потешка од претходните. Ако поминеме против Еуро Никел веројатно ни следува Работнички во полуфинале, што е далеку посериозен противник од минатогодишниот.

Во регуларниот дел на сезоната не бевме комплетни на дуелот со Еуро Никел 2005, така да не би можеле да го мериме со овие два од плеј-офот. И залагањето е поголемо за разлика од првиот дел на сезоната. Ова се многу побитни натпревари и нема простор за грешка. Мораме сериозно да ги сфатиме овие натпревари за да не ни се случи некој кикс. Треба од старт озбилно да го сфатиме натпреварот в недела, за да победиме и да имаме повеќе време да се спремиме за следниот противник. Желбата на кошаркарите и стручниот штаб е што побрзо да ја завршиме оваа серија“, рече Маслинко. 

Победникот од серијата Пелистер - Еуро Никел 2005 ќе се соочи со подобриот од дуелот Работнички - Феникс 2010 во полуфиналето.