Маслинко: Нашиот ростер е спремен за сите предизвици во новата сезона

Кошаркарската сезона во Македонија официјално се отвора со дуел кој носи голем влог и уште поголеми амбиции. Во Куманово, пред домашната публика, МКК Куманово ќе се обиде за првпат во својата историја да го освои Суперкупот, додека МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својот деветти трофеј во ова натпреварување.

За кумановчании, ова е можност за историски успех, а за „металците“, шанса уште еднаш да ја потврдат својата доминација во Суперкупот.

Во редовите на МЗТ Скопје Аеродром очекувањата пред стартот на новата сезона се високи.

„Очекувам добра игра и добра атмосфера. Новата сезона носи нови предизвици, а нашиот ростер е спремен да ги прифати. По добрите подготовки очекуваме и добри резултати“, вели крилото на МЗТ Скопје Аеродром, Андреј Маслинко.

„Металците“ во Куманово пристигнуваат со амбиција да ја започнат сезоната со трофеј, но на спротивната страна ќе има мотивиран домашен состав, кој за првпат ќе игра за Суперкупот.