Марвин Вилијамс останува уште една година во Шарлот

Марвин Вилијамс

Искусниот Марвин Вилијамс реши да ја искористи клаузулата и уште една сезона ќе биде дел од екипата на Шарлот Хорнетс.

Тој ќе добива 15 милиони долари годишно, што и не е така лошо за 32-годишен кошаркар. Пред него ќе останат само Николас Батум со 25,6 милиони и Бизмарк Бијомбо со 17 милиони долари заработка.

Во петтата сезона како дел од Хорнетси, Вилијамс оствари просек од 10,1 поени по натпревар.

Тимот во текот на летото ќе мора да донесе тешка одлука околу иднината на првата ѕвезда Кемба Вокер.

Плејмејкерот ќе биде слободен агент и ќе има можност да ја продолжи кариерата на друго место, доколку не ги добие посакуваните услови во Шарлот.