Маркус Смарт стана прв плејмејкер со наградата „најдобар дефанзивец“ по Гери Пејтон

Маркус

Цели 26 години се чекаше плејмејкер да ја освои наградата „најдобар дефанзивец“ во НБА лигата.

Оваа сезона таа чест му припадна на Маркус Смарт. Кошаркарот на Бостон Селтикс ја доби битката со Руди Гобер и Микал Бриџес. 26-годишникот го повтори подвигот на Гери Пејтон од 1996 година. Тогашниот член на Сиетл Суперсоникс запишуваше 2,9 украдени топки по натпревар.

Смарт стана вториот играч на Бостон со ова одличје, по Кевин Гарнет. Тој освои вкупно 257 гласа.