Марко Симоновски замина од Иран и ќе игра во францускиот шампионат

Македонскиот кошаркар и повремен репрезентативец Марко Симоновски има нов клуб, откако ја заврши иранската епизода и се пресели во Франција.

Искусниот бек кој е роден во 1989 година до крајот на актуелната сезона ќе игра во второлигашкото друштво на Франција каде ќе го носи дресот на Мориен. Двете страни постигнаа договор денес.

Во редовите на Мориен, Симоновски пристигна од Кузестан. Новиот тим на македонскиот кошаркар се наоѓа на десеттата позиција во француската втора лига.