Марко Луковиќ: Многу сум среќен, Купот се врати дома!

Српскиот интернационалец од редовите на МЗТ Скопје, Марко Луковиќ, кој заслужено го понесе признанието за најкорисен играч на финалето (МВП), по добивањето на титулата, како и на идивидуалната награда, за Gol.mk изјави дека е многу среќен за постигнатиот успех со својот тим:

„Најпрво сакам да кажам дека сум многу среќен. Беше многу тежок натпревар во кој победи нашата тимска игра. Им честитам на Карпош Соколи кои се бореа како лавови и пружија добра игра. Сакам да порачам дека секој нареден меч ќе го оставиме срцето на терен. Она што е најважно, Купот се врати дома“.

До крајот на сезоната, на МЗТ Скопје му останува да ја одбрани титулата во домашниот шампионат, како и да избори опстанок во АБА лигата.