• Иван Димовски
Кошаркарите на Атланта Хоукс славеа на гостувањето кај Јута Џез (122-132) во НБА лигата. Иако за домашните блесна Лаури Марканен со 40 поени, сепак немаше поддршка од соиграчите и Јута беше поразена на домашен паркет. Во таборот на Атланта се истакна Оконгву со 32 поени, додека 31 уфрли Џонсон и притоа имаше 18 скока и 14 асистенции.
- Јута Џез - Атланта Хоукс:
Феникс Санс убедливо славеа против Индијана Пејсерси дома со 133-98. Девон Букер и Дилион Брукс го предводеа домашниот тим до убедливата победа. Букер го заврши мечот со 33 поени, додека Канаѓанецот уфрли еден помалку. Кај Индијана најдобар беше Нембхард со 21 поен зад своето име.
- Феникс Санс - Индијана Пејсерс:
Гостинска победа запиша и Торонто во Кливленд со 113-126. Иако Кавалирси важеа за фаворит, Репторси со одлична втора четвртина направија разлика. Донован Мичел од таборот на поразените беше најефикасен со 31 поен, додека Барнс од Торонто го заврши мечот со 28 поени и 10 скока.
Ноќва програмата во НБА лигата беше „сиромашна“, но веќе петок кон сабота има десет меча.







