Марк Гасол се враќа на паркетот, ќе игра во сопствениот тим

Прославениот шпански кошаркар Марк Гасол реши дека е време да се врати на паркетот, откако оваа есен остана без договор во НБА лигата. 

36-годишникот настапуваше минатата сезона за Лејкерси, а во септември беше испратен во Мемфис, но со Гризлис го прекина договорот по пет дена. Сега откако остана без клуб, реши дека е време да заигра во втората шпанска лига за Џирона. 

Ова е клуб кој самиот Марк Гасол го основаше во 2014 година и сè уште е негов сопственик. Искусниот центар ќе помогне во Џирона, чии цели се да се дојде до најсилната Ендеса лига. Доколку се „пронајде“ во својата улога, Гасол многу веројатно ќе вложи повеќе и ќе се обиде да направи респектабилен тим во Џирона.