Марјан Илиевски во новата сезона на кормилото на АВ Охрид

Македонскиот прволигаш АВ Охрид во новата сезона ќе има и нов тренер, затоа што успеа да се договори за соработка со Марјан Илиевски.

Илиевски, кој има 43 години, успешно работеше во редовите на Блокотехна, но дојде до разделба. Блокотехна во новата сезона ќе се фузира со Кожув и двете екипи од Гевгелија ќе настапуваат под едно име.

Младиот стратег успеа да испише историја за кошарката во Гевгелија, со исклучително успешна сезона зад себе, а тоа е пехар во БИБЛ, финале во Купот и полуфинале во плеј-офот на мак-баскетот, загубено по голема борба и пет меча со актуелниот првак Работнички.

На клупата на АВ Охрид, тој го наследува Петар Чочоровски. Зад своето име Марјан Илиевски има тренерски ангажмани во Лирија, Кожув, Блокотехна, како и косовска Сигал Приштина.