• Мартин Танасковски
Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација, на седницата одржана на 20. јануари 2026 година, ја разгледа и едногласно ја прифати оставката на селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, поднесена непосредно пред почетокот на седницата.
Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја извршуваше селекторската функција, со желби за многу успех во неговата понатамошна кариера.
Марјан Илиевски ја водеше Македонија во циклусот на претквалификациите за Светското и Европското првенство. На селекторското место се задржа кратко, само неколку месеци.