Марин Докузовски – заслужен граѓанин на Карпош за 2018 година

Кошаркарскиот тренер Марин Докузовски е прогласен за заслужен граѓанин на Општина Карпош за изминатата година.

Докузовски, кој важи за најуспешен тренер во нашата земја, во ланската година го направи Работнички шампион и ја освои јубилејната 15. титула во историјата на центарци. Воедно, ја прекина и доминацијата на МЗТ Скопје, која во македонската кошарка траеше шест години.

Плакетата му ја врачи првиот човек на Општина Карпош, Стефан Богоев.