ВИДЕО: Мареј во стилот на Џордан, лебдеше во воздух и погоди од невозможен агол

Мареј

Џамал Мареј прикажа одлична игра во овогодишниот плеј-оф во кој неговиот Денвер Нагетс се пласира во конференциското финале на Западот.

Засега на тимот од Колорадо не му оди најдобро, бидејќи има висока негатива од 1-3 во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс. Меѓутоа никој не се осмелува да го отпише Денвер, кој на идентичен начин се врати во претходните две серии и победи со 4-3. За да направи ново чудо, Мареј заедно со Никола Јокиќ мора да покажат квалитети како во изминатите недели. 

Четвртиот натпревар меѓу овие две екипи го одбележа потегот на најдобриот стрелец на Нагетси. Тој постигна кош во директен дуел со Леброн Џејмс и во стилот на големиот Мајкл Џордан.

Ова потсетува на реализацијата на Џордан против Лејкерси во 90-те години.