• Зоран Мишевски
Германскиот кошаркарски клуб, Баерн Минхен го доведе првото засилување во ерата на италијанскиот стручњак Тринкиери. Откако вчера беше потврдено заминувањето на Монро во Химки, клубот од Баварија обезбеди адекванта замена.
Имено, нов член на Баерн Минхен е поранешниот член на Фенербахче, Малком Томас. 31-годишникот важи за „птица-селица“ и во кариерата промени 20-тина клубови. Во Европа настапуваше за Макаби, Химки и Фенербахче, а беше дел и од неколку американски колеџи и клубови од Кина.
Сепак, во кариерата не освојуваше многу трофеи и во Германија доаѓа само со освоен Куп на Турција оваа сезона.