Малинков: Ни доаѓа засилен Работнички, ќе ни треба многу труд за победа

Овој викенд продолжува кошаркарскиот шампионат на Македонија и веднаш се играат неколку дерби натпревари кои треба да ја појаснат збрката за местата во Суперлигата. Еден од најважните дуели е гостувањето на Работнички во Битола. 

Пелистерци, водени од кавадарчанецот Љупчо Миленков, мора да победат за да го надополнат поразот од Еуро Никел пред еден месец.

„Не треба да се трошат зборови за Работнички. Утре во Битола доаѓа со нови засилувања, ќе има нов Американец, а се засилени се и со најдобриот кошаркар на Куманово. До победа ќе дојдеме тешко, а ќе ни треба многу работа и труд на паркетот. Трениравме одлично, комплетни сме и немаме повредени кошаркари. Ни останува да дојдеме до посакуваниот психолошки момент и до победата“, рече Малинков.

Натпреварот се игра утре во 18:00 часот во спортската сала „Младост“ во Битола. Откако дојде на клупата, заменувајќи го Србинот Тодоровиќ, Малинков има само еден пораз, и тоа на домашен терен од Еуро Никел во декември минатата година.