Малинков: Ако продолжиме да играме вака, можеме дo победа и против Сутјеска

Фени Индустри забележа две последователни победи во БИБЛ лигата, на домашен терен и тоа на убедлив начин. По Тирана. вчеравечер во Кавадарци беше совладан и тимот на Трепча. Од таборот на кавадарчани истакнуваат дека се задоволни како од играта така и од резултатите кои се бележат. Стратегот на Фени Индустри, Љупчо Малинков по победата над Трепча изјави:

"Повторно одигравме одлично во одбраната и на противникот дозволивме само да даде 54 поени, додека како што очекував ние постигнавме повеќе од 70 поени. Мислам дека ако продолжиме да играме како во второто полувреме од дуелот со Трепча, тогаш можеме да победиме и против Сутјеска“.

Прво име во составот на поранешниот првак на БИБЛ, беше нашиот репрезентативец Кире Николовски, кој оствари „дабл-дабл“ ефект од 22 поени и 12 скока. По мечот крилниот центар изјави:

"Почнавме многу лошо, откако направивме многу грешки, особено во нападот. Во второто полувреме почнавме да играме она кака како што се договаравме пред мечот. На крај така заслужено дојдовме до победа“, вели Николовски.

Следниот предизвик за Фени Индустри во БИБЛ е дуелот од 4. коло во Никшиќ против Сутјеска кој се игра на 8 ноември.