Малешевиќ: Ситни детали го решија првиот меч со МЗТ, сакаме реванш

Српскиот интернационалец Никола Малешевиќ верува дека „пелистерци“ со помош на публиката можат да дојдат до триумф и да се изборат за мајсторка во полуфиналето. Се е подготвено за вториот натпревар од полуфинална серија меѓу Пелистер и МЗТ Скопје.

Очекувањата се дека голем број навивачи ќе им дадат поддршка на „пелистерци“ во оваа клучна битка за место во финалето. Кошаркарите од своја страна најавуваат дека се подготвени за големиот предизвик, решени да го дадат својот максимум за да израмнат во оваа полуфинална серија.

„Штета, бевме блиску до изненадување и на првиот меч, но ситни детали го одлучија победникот. Го анализиравме тој натпревар и нема сомнеж декаа ќе сториме се за грешките да не ги повториме и на утрешниот втор дуел од полуфиналето. Мораме да играме брзо, ние да го наметнеме нашиот ритам на игра, како во одбраната, така и во нападот. Секако ќе ни треба поддршка, ги повикувам навивачите да ни помогнат, да дојдат во што поголем број, за заедно да победиме и да се избориме за мајсторка во Скопје“, изјави Никола Малешевиќ.

Дуелот меѓу Пелистер и МЗТ Скопје се игра утре со почеток во 18 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.