Малер и повреда за Нуркиќ, го пропушта стартот на новата НБА сезона

Јусуф Нуркиќ ќе мора да паузира околу еден месец поради повреда на десното стапало, со што ќе го пропушти остатокот од подготовките, но и стартот на новата сезона во НБА.

Центарот на Јута Џез се повреди на првиот подготвителен натпревар против Денвер Нагетс, кој неговиот тим го доби со 109-97. Нуркиќ на паркетот помина 11 минути, по што мораше предвреме да го напушти мечот. 

Дополнителните лекарски прегледи покажале делумно оштетување кај вториот прст на десното стапало. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина така ќе го пропушти остатокот од претсезонскиот период, а се очекува да не биде достапен ниту за почетокот на регуларниот дел од сезоната.

За Нуркиќ ова е непријатен почеток на новата сезона, бидејќи наместо да ја искористи претсезоната за воигрување со новиот тим, ќе мора да помине низ период на рехабилитација пред повторно да се врати на терените.

Најнови вести од
НБА, САД