• Зоран Мишевски

По победата над Студенски Центар атмосферата во радовите на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје, се врати на посакуваното ниво, а Американецот Еван Максвел верува дека и по гостувањето кај Цедевита Олимпија, ресположението нема да се промени.
Повратникот во АБА елитата, кој сезоната ја започна со три порази во низа, в сабота ќе се судри со словенечкиот претставник против кој ги загуби последните две соочувања, но тие беа во сезоната 2017/18.
„Атмосферата во екипа е одлична и без разлика што играме против фаворизиран противник подготвени сме да дадеме сѐ од себе и да го покажеме најдоброто од нас. Противникот е квалитетен, игра на високо ниво, но нема однапред да се предадеме. Ова е уште еден натпревар во кој нема што да загубиме, без разлика на крајниот исход“, рече Максвел.
По четири одиграни кола МЗТ Скопје ја зазема единаесеттата позиција на табелата, со 1-3 скор, додека Олимпија им две победи, еден пораз и еден натпревар помалку.